Почина Невенка Митревска, долгогодишна новинарка во „Нова Македонија“.
Митревска, за време на активната новинарска кариера со години беше дописник за „Нова Македонија“ од Атина, беше прва жена аналитичар на надворешно – политички случувања.
По формирањето на агенцијата Макпрес, таа застанува на чело на истата.
Во нејзиното професионално портфолио се запишани и анализите за настаните во регионот и во светот од 1970 до 1980 година.
Редакцијата на „Нова Македонија“ изразува длабоко сочувство до блиските на колешката Невенка Митрeвска.