Фото: Принтскрин

Во земјотресот кој ја погоди Турција на 6 февруари уништени се повеќе од 60 споменици и 300 културни знаменитости.

Значителен дел од нив се наоѓа во провинцијата Хатај. Во античко време, градот Антиохија бил еден од најголемите градови во светот и трет по големина град на Римската империја.

Освен големата хуманитарна криза и страдањата на илјадници луѓе, во Антакија се прават напори да се спасат остатоците од илјадагодишното наследство на најголемите религии и култури во светот.

Во катастрофалниот земјотрес во Турција, според денешните податоци, загинаа 45.089 лица, а засегнати се повеќе од 13 милиони луѓе во таа земја.