Фото: РФМ

РАКОМЕТ – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список со играчи на кои смета за претстојниот двомеч со Португалија, во квалификациите за пласман на Европското првенство в година во Германија. На списокот има 35 ракометари, повеќето се членови на македонските суперлигаши, а од интернационалците на списокот се Никола Митревски (Порто), Филип Кузмановски (Хановер), Димитар Димитриоски (Валјадолид) и Мартин Поповски (Амицитија). На списокот не се крилата Дејан Манасков и Гоце Георгиевски, кои досега беа стандардни репрезентативци. Првиот дуел црвено-жолтите ќе го играат на домашен терен на 9 март (19 ч.), а вториот на 12 март во Порто (18.30 ч.). Македонија е дел од група еден во која се и Турција и Луксембург, и по првите две кола има четири бода, колку што има и Португалија. Македонија го победи Луксембург дома со 38-24 и Турција на гости со 36-27, селекции што засега се без освоен бод. На ЕП 2024 ќе се пласираат првите две репрезентации од секоја група, како и најдобрите четири третопласирани селекции од осумте квалификациски групи.
Повикани играчи: голмани: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Васил Гогов. Десни бекови: Томислав Јагуриноски, Мартин Серафимов, Мартин Велковски, Филип Николов, Давид Савревски. Леви бекови: Филип Талески, Филип Кузмановски, Иван Џонов, Михајло Младеновиќ, Марко Мишевски. Средни бекови: Павле Атанасијевиќ, Игор Ѓоргиев, Марио Танкоски, Марко Митев, Мартин Карапалевски. Леви крила: Петар Атанасијевиќ, Цветан Кузманоски, Димитар Димитриоски, Дарко Кондев, Давор Палевски. Десни крила: Ненад Костески, Никола Стоилевски, Александар Петковски, Ален Ќосевски, Мартин Поповски. Пикери: Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Марко Стојковиќ, Михаил Аларов, Костадин Петров. Дефанзивец: Томче Стојановски. Г.И.