Еден човек загина, а двајца се тешко повредени откако воз удрил во нивниот автомобил, на патниот правец помеѓу Железничка станица „Галичани“ и Железничката станица Прилеп, пренесуваат од Макфакс.
Според информациите, несреќата се случило ноќеска околу 3:55 часот по полноќ.
На местото на несреќата загинал возачот на возилото „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, М.Д.(39) од Прилеп. А со повреди се здобиле сопатниците Т.Х.(40) и Г.Б.(39), двајцата од Прилеп, констатирани во Општата болница во Прилеп.