Еклиптиката видлива над Скопје
Планетите орбитираат околу Сонцето речиси по една рамнина наречена еклиптика.
Гледано од Земјата, планетите се наоѓаат на една линија, што е истата линија по која Сонцето се движи по небото.
Синоќа Месечината, Јупитер и Венера се израмнија речиси на таа линија.
Боби Кузманоски го овековечи ова на прекрасна фотографија на која може да се види овој распоред на овие три небесни тела.
На втората фотографија, жолтата линија ја покажува еклиптиката, а покрај претходно споменатите три небесни тела, може да се види дека во близина на еклиптиката се и планетите Нептун и Сатурн и дека самата еклиптична линија минува низ центарот на Сонцето.