Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изјави дека се смета себеси за кандидат за иден генерален секретар на НАТО.
– Морам да објавам дека постои таква идеја. Се сметам за кандидат. Тоа е многу добра и важна позиција. Сега НАТО е посилен од кога било – изјави Џонсон, одговарајќи на прашање на украински новинари за неговите перспективи да ја води Северноатлантската алијанса – пренесува Тасс.
Џонсон додал дека не гледа никакви пречки Украина да влезе во НАТО како полноправна членка.
– Не гледам никакви противречности во пристапот на Украина во НАТО. Украинското членство е перспектива, тоа мора да се случи – рече Џонсон.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во понеделникот потврди дека има намера да ја напушти функцијата наесен оваа година, пренесе Аваз.