Дојавите за поставени бомби во училишта продолжија и денеска.
Утрово, до 9:30 часот во Министерството за внатрешни работи е пријавено дека закани пристигнале на електронските адреси на 14 училишта во Скопје.
-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите – велат од МВР.
Вчера рекорден број училишта беа опфатени со дојавите за бомби. Ги имаше во 86 школи, една градинка и во Заводот за рехабилитација во Скопје, како и во едно училиште во Прилеп. По проверките, за сите беше утврдено дека се лажни.