Повеќе од 114.000 луѓе се спасени за време на операциите за потрага и спасување по разорните земјотреси во југоисточна Турција, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
-Работата за отстранување на урнатините привршува, 114.834 луѓе се спасени – изјави Ердоган за локалната телевизија.
Повеќе од 46.000 луѓе загинаа во разорните земјотреси што на 6 февруари ги погодија Сирија и Турција.
Потрагата и спасувањето се завршени, освен во провинциите Кахраманмараш и Хатај.