Осумнаесетгодишно момче по име Мухамед Кафер денеска беше спасено од урнатините на зграда во јужна Турција, трето спасување утринава по околу 198 часа од минатонеделниот разорен земјотрес, пренесува Ројтерс. Во турската провинција Адииман, телевизиските радиодифузери емитуваа снимки од спасувачите како го носат Кафер врзан за носилка, со маска за кислород на лицето.
Малку порано спасувачите извлекоа живи двајца браќа од урнатините на станбен блок во соседната провинција Кахраманмарас.
Државната новинска агенција Анадолу ги идентификуваше како 17-годишниот Мухамед Енес Јенинар и неговиот брат, 21-годишниот Баки Јенинар, кој беше спасен по него.
Двајцата биле сместени во возило на брза помош и пренесени во болница. Нивната здравствена состојба не е позната.
Според последните податоци, во земјотресите во Турција и Сирија загинаа над 37 илјади луѓе.