За да не дојде до смрзнување на водоводни цевки или вентили, студот ги примора жителите на Кичево да ги отворат славините дури и кога за тоа немаат вистинска потреба, за да спречат евентуално прскање на водоводните цевки. Оваа практика најмногу ја спроведуваат сопствениците на индивидуални станбени објекти, кои во овие зимски месеци се многу постудени.
– Зголемената потрошувачка на вода во овој период е резултат на ниските температури и превенцијата што ја превземаат граѓаните, во ноќните часови, кога ги отвораат славините за да не дојде до смрзнување на цевките или вентилите и можни поголеми дефекти. Оваа појава е најмногу присутна деновиве, кога надворешните температури се спуштаат далеку под нулата во ноќните часови, а не е ништо поразлично ниту во текот на денот. И покрај овие проблеми, снабдувањето на градот и селата со вода за пиење е редовно и нема дефекти, како на примарната, така и на секундарната водоводна мрежа – посочуваат од комуналното претпријатие. З.А.