Ајде да видиме
Честопати имаме впечаток дека малите кучиња полесно се нервираат, оти повеќе лаат, повеќе напаѓаат, а за овие реакции се заслужни разликите меѓу расите на кучиња.
Сепак, истражувањето што пред десетина години беше спроведено во Америка, во кое учествуваа 1.276 сопственици на миленици, покажа дека вината за лошото куче не е толку во нивната раса, туку во однесувањето на нивните газди.
Имено, тие во просек им посветуваат помалку внимание на своите кучиња, не се многу истрајни во воспитувањето и повеќе сакаат да ги разгалат и да ги остават да прават што сакаат. Бидејќи кучињата се животни што природно живеат во глутници, ако сопственикот не покажува доволна решителност и послушност кон нив, кучињата ќе претпостават дека би требало да ја преземат улогата на лидер во заедницата во која живеат, со што ќе станат поопасни и погласни.