Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј организира традиционална поетска средба по повод одбележувањето на 151-та годишнина од раѓањето на Гоце Делчев.

Преку поезијата посветена на Гоце Делчев поетите од Сиднеј ги опеаја животот и
делото на македонскиот револуционер кој го даде животот за слободна Македонија.
Покрај одбележувањето на годишнината од раѓањето на Делчев, се водеше
дебата и за сегашната политичка состојба во Македонија, каде што, како што истакнаа од Сиднеј, преовладува песимистичка и поразителна платформа со цел да се угоди на хегемонистичка Бугарија и на Европа.

– Реалноста е што отстапките што ги прави сегашната, како и поранешната влада на Македонија, се антинационални, со цел да се уништат историјата, јазикот и
македонската држава – било истакнато на средбата.

Се подвлече дека Гоце Делчев е Македонец се бореше за Македонија и никој не смее да се пазари со Бугарија која има единствена цел да ја избрише македонската нација.
М.М.