На турнирот првпат ќе се примени новото правило на ИФАБ, кое ќе им овозможи на гледачите на стадионот и пред телевизиските екрани да слушнат како официјалните лица ги објаснуваат одлуките донесени по прегледите на системот ВАР. Пробниот период од 12 месеци ќе почне на клупското СП и, доколку биде успешно, ќе продолжи на СП за фудбалери до 20 години, а потоа на СП за фудбалерки, двете годинава

ФУДБАЛ

Светското клупско првенство, можеби едно од последните во сегашниот формат, почнува денеска во Мароко, каде што Реал Мадрид ќе игра за продолжување на европската доминација во ова натпреварување на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Натпреварувањето почнува денеска со мечот Ал Ахли – Окленд сити.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во декември најави дека е планирано проширување на Светското клупско првенство од 2025 година, на 32 тима. На актуелното Светско клупско првенство играат седум екипи, вклучувајќи ги и шесте континентални шампиони.
Турнирот се враќа во Мароко, кој беше домаќин во 2013 и во 2014 година, а Реал Мадрид игра за да стане 10-ти последователен европски победник, откако од 2013 година четири пати победи Реал Мадрид, двапати Баерн, а по еднаш Барселона, Ливерпул и Челси.
Реал Мадрид, актуелниот европски шампион, ја освои светската клупска титула на натпреварувањето на ФИФА четири пати, вклучувајќи и во Мароко во 2014 година, а победи уште трипати кога натпреварувањето се викаше Интерконтинентален куп и во него играа само прваците на Европа и на Јужна Америка (од 1960 до 2004 година).
Европскиот првак Реал Мадрид ќе игра директно во полуфиналето, на 8 февруари, и ќе се сретне со шампионот на Северна Америка, Сиетл саундерс, египетскиот Ал Ахли или со новозеландскиот Окленд сити, шампионот на Океанија. Финалето е на 11 февруари.
Во другото полуфинале, минатогодишниот победник на јужноамериканското клупско фудбалско првенство, Копа Либертадорес, бразилски Фламенго, ќе игра со Ал Хилал од Саудиска Арабија или со домашниот тим Видад Казабланка, првак на Африка.
На турнирот првпат ќе се примени новото правило, одобрено за тестирање од Меѓународниот фудбалски борд (ИФАБ), кој ги одредува правилата во фудбалот, кое ќе им овозможи на гледачите на стадионот и пред телевизиските екрани да слушнат како официјалните лица ги објаснуваат одлуките донесени по прегледите на системот видеопомошник-судија (ВАР). Пробниот период од 12 месеци на натпреварувањата на ФИФА ќе почне на клупското СП и, доколку биде успешно, ќе продолжи на СП за фудбалери до 20 години, а потоа на СП за фудбалерки, двете годинава.


КЛУПСКО СП 2022
ПРВО КОЛО

Ал Ахли – Окленд сити 20 ч.
ВТОРО КОЛО
1. Победник 1. коло – Сиетел сабота
2. Видад Казабланка – Ал Хилал сабота
ПОЛУФИНАЛЕ
Победник 1 – Реал Мадрид 8 февруари
Фламенго – Победник 2 8 февруари
финалето и мечот за третото место се на 11 февруари