Најбараниот мафијашки шеф во Италија, Месина Денаро, е упасен по поминати три децении поминати во бегство, кога отишол на лекување во приватна болница во Палермо, соопшти италијанската полиција, а пренесува „Ројтерс“.
Обвинителството вели дека Денаро е шеф на сицилијанската мафија Коза ностра. Тој беше осуден во отсуство на доживотна затворска казна поради неговата улога во убиствата истакнатите борци против мафијата, судиите Џузепе Фалконе и Паоло Борселино.
Полицијата долго време се обидуваше да го фати, а покрај тоа што беше најбараниот во Италија, тој беше и меѓу 10-те најбарани криминалци во светот.
Денаро исто така се соочува со доживотна затворска казна поради бомбашки напади во Фиренца, Рим и во Милано во кои наредната година загинаа 10 луѓе.
Згора, обвинет е за киднапирање на 12-годишниот Џузепе ди Матео во 1993 година, во обид да го одврати неговиот татко од предавање на докази против мафијата. Детето било држено во заложништво две години пред да биде убиено.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони го поздрави апсењето како голема победа на државата што покажува дека таа никогаш не се предава во соочувањето со мафијата.
Полицијата во септември минатата година објави дека Денаро уште издавал наредби за работата на мафијата во околината на сицилискиот град Трапани, што претставувал негово локално упориште, наспроти долгогодишното отстуство.