Наместо да го прифати и признае поразот, Путин фрла се повеќе ресурси во војната, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во интервју за американското непрофитно Националното јавно радио.
– Ако го погледнам бојното поле и ситуацијата во моментов, мислам дека Путин нема премногу опции. Всушност, мислам дека има само една опција, но не сака да ја прифати. А таа опција е пораз во војната – рече тој.
Според Кулеба, комплексноста и трагедијата на овој момент е тоа што наместо да се соочи со вистината, Путин фрла се повеќе ресурси во борбата, и најважно човечки ресурси, обидувајќи се да победи по секоја цена. Но, тоа нема да се случи, рече тој.
Како што во неколку наврати изјави Кулеба, најкраткиот пат за враќање на мирот и безбедноста во Европа е да ѝ се обезбеди на Украина сето потребно оружје за да може таа да го победи рускиот агресор.