Рускиот претседател Владимир Путин денеска му наредил на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да воведе дводневен прекин на огнот долж целата линија на фронтот со Украина, почнувајќи од полноќ на 6 јануари.
Русија ја повика Украина да прогласи прекин на огнот и да им се дозволи на луѓето да присуствуваат на богослужбите на Бадник и Божик.
Според соопштението од Кремљ, прекинот на огнот ќе трае до полноќ в сабота. Руските власти ја повикаа украинската страна да „прогласи прекин на огнот и да им овозможи на граѓаните да присуствуваат на божиќните богослужби“.
Како одговор, украинскиот претседателски советник Михаил Подољак го нарече предлогот „цинична измама и елемент на пропаганда“.