Со над 100 члена во „Менса“, Македонија е меѓу најинтелектуалните земји во регионот, споредено по глава на жител, покажуваат најновите податоци на платформата „Ерудера“. Претходно, според рангирањето на универзитетот „Стенфорд“ од САД, шестмина македонски научници, меѓу кои и Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, се најдоа меѓу топ 2 проценти најцитирани и највлијателни научници на светско ниво. Врвни светски дострели имаме и во други области. Сето ова е потврда дека Македонија има врвни умови на светско ниво, чии познавања и капацитети треба и соодветно да се искористат
Според бројот на жители, македонија е меѓу најинтелектуалните земји во регионот
Бројот на македонски граѓани што станаа дел од семејството „Менса Македонија“ надмина 100, што покажува дека земјата има интелектуален капацитет рамноправно да се носи со сите други земји во регионот, но и пошироко.
Податоците што неодамна ги објави платформата за пребарување „Ерудера“ покажуваат дека Македонија од 11 земји на Балканот, од кои седум се членки на „Менса“, е меѓу овие седум земји со над 100 члена.
Кога ќе се земе предвид дека повеќето земји-членки се со драстично поголем број на жители во однос на Македонија, тогаш податоците покажуваат дека Македонија со над 100 члена во „Менса“,имајќи ги предвид последните податоци од последниот попис, е меѓу најинтелектуалните земји во регионот, споредено по жител. Дека Македонија навистина има врвни умови потврда беше и рангирањето на универзитетот „Стенфорд“ од САД пред некоја година, според кое шест македонски научници (Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, Леонид Грчев, Валентин Мирчески, Рубин Гулабоски, Трајче Стафилов и Иван Грозданов) се најдоа на листата на топ 2 проценти најцитирани и највлијателни научници на светско ниво од сите области
Листата на најдобрите 2 проценти светски научници е резултат на опсежни анализи на научниците од универзитетот „Стенфорд“ (втор најдобар универзитет во светот).
Секако, признаени и високи дострели на македонски граѓани има и во редица други сфери.
Токму затоа најновото етаблирање на Македонија меѓу најинтелектуалните земји во регионот според „Менса“ не е случајно, туку е резултат на интелигенцијата на луѓето што живеат во неа.
Несомнено земјава располага со интелигентни луѓе, кои со своите знаења и вештини можат многу да придонесат за нејзиниот развој и напредок. За да може да се стимулира уште поголем интелектуален напредок, потребно е државата да ги препознава ваквите поединци, да го помага нивното усовршување и да ги користи нивните знаења и вештини.
Со една таква стратегија, Македонија во скоро време ќе може да тргне на патот на развојот и просперитетот, излегувајќи засекогаш од сегашното политичко сивило и апатија.