Руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова повикана е денеска во Министерството за надворешни работи на Бугарија по информациите дека Русија го бара бугарскиот новинар Христо Грозев.
Други теми на разговор ќе бидат забраната за изучување на бугарскиот јазик во окупираните региони на Украина од страна на Руската Федерација и отстранувањето на портретите на бугарски историски личности, соопшти прес-центарот на Министерството за надворешни работи на Бугарија.
Грозев работи за независната истражувачка новинарска мрежа Белингкет, чии активности Москва ги прогласи за непожелни.
Во соопштението на руското МНР се наведува дека тој се бара поради прекршување на „член од Кривичниот законик на Руската Федерација“.