Фото: Маја Јаневска-Илиева

РЕАКЦИЈА

Во согласност со членот 26 и членот 27 од Законот за медиуми (објавен во „Службен весник“ бр. 184/2013 година), повикувајќи се на правото на одговор на објавена информација, суштински ги демантираме наводите во колумната на Билјана Ванковска, со наслов „Има ли нешто што не е гнило?“, објавена на 19 декември 2022 година, во врска со оштетената спомен-плоча на споменикот на академик Блаже Конески, првиот претседател на МАНУ, поставен на јавен простор, надвор од дворното место на МАНУ.
Имено, МАНУ ја информира јавноста дека станува збор за објавена неверодостојна информација за односот на МАНУ кон ликот и делото на великанот Блаже Конески, олицетворени преку врвното уметничко дело на академик Томе Серафимовски, и дека МАНУ, во рамките на пропишаните заложби, соодветно реагираше по увидувањето на состојбата на спомен-обележјето, обраќајќи се на 19 декември 2022 година до градоначалникот на Општина Центар за итно преземање активности за утврдување на причините и за санирање на оштетувањето. МАНУ