
ВО 2024 ГОДИНА
Организацијата на Европската атлетска конвенција за 2024 година и официјално ѝ е доделена на Македонија.
– Со оваа одлука ѝ е укажана огромна доверба на Атлетската федерација на Македонија, како резултат на нашето прогресивно и проактивно меѓународно дејствување – велат од Атлетската федерација на Македонија.
Во врска со оваа одлука коментар даде и претседателката на Атлетската федерација на Македонија (АФМ), Александра Војнеска-Зикова.
– Нашето лобирање во Талин неодамна, кога бевме на Европската конвенција, и во Атина, на Балканскиот конгрес, даде плод. Во рамките на конвенцијата, традиционално се избираат и најдобрите атлетичари/ки на Европа, што значи дека атлетската елита во 2024 година доаѓа во Македонија – рече Војнеска-Зикова. Г.И.