Фото: Маја Јаневска-Илиева

Жилберто Силва (светски првак во 2002 година) рече дека Касемиро има „голема одговорност“ со своите дефанзивни должности за да можат да процветаат оние со напаѓачки таленти. По пласманот на Бразил во осминафиналето, Нејмар напиша: „Касемиро долго време е најдобриот играч од средниот ред на светот“. „Многу е јасно дека мојата прва цел е да го поддржам тимот и да донесам рамнотежа. Треба да ги поддржам играчите во одбраната и да гаснам пожар таму каде што евентуално има. Мојата прва должност е дефанзивна, но ако има можност да шутирам, тоа може да биде исто така важно“, рече Касемиро

ФУДБАЛ – СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО КАТАР

Тој беше опишан пред натпреварот како клучниот човек во репрезентацијата на Бразил, а по мечот Касемиро беше прогласен за „најдобриот фудбалер од средниот ред на светот“. Натпреварот на Бразил на Светското првенство (СП) со Швајцарија се чинеше дека оди кон нерешено, но тој постигна гол за победа на Бразил, гол што ги одушеви и бразилските великани Роналдо, Роберто Карлос и Кафу, кои седеа заедно и го гледаа мечот на стадионот, пишува „Би-би-си“.
– Постигнав гол, но важно е дека му помогнав на целиот тим. Кога победуваме, победуваме заедно, кога губиме, губиме заедно. Тоа не го менува мојот начин на размислување. Ова е група, репрезентација на Бразил како играчи, мора да играме како група. Тоа е најважно за да ја освоиме титулата – рече Касемиро.
Пишувајќи за „Би-би-си“, поранешниот бразилски играч од средниот ред, Жилберто Силва, кој беше дел од последниот тим на Бразил што ја освои светската титула пред 20 години, рече дека Касемиро има „голема одговорност“ со своите дефанзивни должности за да можат да процветаат оние со напаѓачки таленти. Силва рече дека „интелигенцијата“ на Касемиро го држи клучот, како и тоа дека да се биде „паметен“ како „невидлив“ играч од средниот ред на теренот ги олесни работите за оние пред него. По пласманот во осминафиналето, Нејмар на Твитер напиша: „Касемиро долго време е најдобриот играч од средниот ред на светот“. Запрашан за неговото мислење, селекторот Тите одговори со насмевка: „По навика секогаш ги почитувам мислењата. Обично не коментирам, но ќе си дозволам да го направам тоа денес. Се согласувам“. Сезар Сампајо, кој играше за Бразил во финалето на СП 1998, додаде: „Касемиро работи пред задната четворка и дејствува како прв бедем. Тој, исто така, може и да шутира од средни далечини, што прави клучна разлика на таа позиција“.
– Многу е јасно дека мојата прва цел е да го поддржам тимот и да донесам рамнотежа. Треба да ги поддржам играчите во одбраната и да гаснам пожар таму каде што евентуално има. Мојата прва должност е дефанзивна, но ако има можност да шутирам кон голот, тоа може да биде исто така важно – рече Касемиро.
По девет сезони во Реал Мадрид, Касемиро се пресели во Манчестер јунајтед годинава. Серискиот победник го освои речиси секој трофеј, вклучувајќи пет титули во Лигата на шампионите, три во Ла лига и една на Копа Америка, во 2019 година. Но најголемата награда на светскиот фудбал и понатаму му недостига. Пред четири години, Бразил беше елиминиран во четврт-финалето од Белгија, меч на кој Касемиро не настапи. Но Бразил е фаворит на СП 2022, пишува „Би-би-си“.
– Поминаа четири години, има нови играчи и годинава имаме широк спектар на опции. Имаме повеќе играчи од кои може да избираме без да го менуваме тимот. Можеме да го промениме начинот на игра, па нема сомнеж дека опциите се многу поголеми од 2018 година – вели Касемиро.


Мануел Ноер е пред поставување рекорд меѓу голманите

Ако Мануел Ноер денеска настапи за Германија на мечот со Костарика, во третото коло на фудбалското Светско првенство (СП) во Катар, тој ќе го одигра својот 19-ти натпревар на мундијалите, со што ќе стане рекордер меѓу голманите, според бројот на одиграни мечеви на најголемиот светски фудбалски турнир. Капитенот на Германија, кој претходно бранеше и на СП 2014 во Бразил и на СП 2018 во Русија, во моментов е изедначен со својот сонародник Сеп Маер и со Бразилецот Клаудио Тафарел. Маер настапи на мундијалите во 1970, 1974 и 1978 година, а Тафарел во 1990, 1994 и 1998 година. Сите тројца досега освоија по една светска титула, во интервал од по 20 години, и тоа Маер во 1974 година, Тафарел во 1994-та, а Ноер во 2014 година. Најмногу мечеви вкупно на светските првенства досега одигра Германецот Лотар Матеус, 25.


СП 2022, ТРЕТО КОЛО

ГРУПА А
Еквадор – Сенегал 1-2
Холандија – Катар 2-0
Табела
Холандија 3 2 1 0 5-1 7
Сенегал 3 2 0 1 5-4 6
Еквадор 3 1 1 1 4-3 4
Катар 3 0 0 2 1-7 0
ГРУПА Б
Иран – САД 0-1
Велс – Англија 0-3
Табела
Англија 3 2 1 0 9-2 7
САД 3 1 2 0 2-1 5
Иран 3 1 0 2 4-7 3
Велс 3 0 1 2 1-6 1
ГРУПА Ц
Полска – Аргентина синоќа
Саудиска Арабија – Мексико синоќа
Табела
Полска 2 1 1 0 2-0 4
Аргентина 2 1 0 1 3-2 3
С. Арабија 2 1 0 1 2-3 3
Мексико 2 0 1 1 0-2 1
ГРУПА Д
Австралија – Данска синоќа
Тунис – Франција синоќа
Табела
Франција 2 2 0 0 6-2 6
Австралија 2 1 0 1 2-4 3
Данска 2 0 1 1 1-2 1
Тунис 2 0 1 1 0-1 1
ГРУПА Е
Јапонија – Шпанија 20 ч.
Костарика – Германија 20 ч.
Табела
Шпанија 2 1 1 0 8-1 4
Јапонија 2 1 0 1 2-2 3
Костарика 2 1 0 1 1-7 3
Германија 2 0 1 1 2-3 1
ГРУПА Ф
Хрватска – Белгија 16 ч.
Канада – Мароко 16 ч.
Табела
Хрватска 2 1 1 0 4-1 4
Мароко 2 1 1 0 2-0 4
Белгија 2 1 0 1 1-2 3
Канада 2 0 0 2 1-5 0
ГРУПА Г
Србија – Швајцарија утре, 20 ч.
Камерун – Бразил утре, 20 ч.
Табела
Бразил 2 2 0 0 3-0 6
Швајцарија 2 1 0 1 1-1 3
Камерун 2 0 1 1 3-4 1
Србија 2 0 1 1 3-5 1
ГРУПА Х
Гана – Уругвај утре, 16 ч.
Јужна Кореја – Португалија утре, 16 ч.
Табела
Португалија 2 2 0 0 5-2 6
Гана 2 1 0 1 5-5 3
Ј. Кореја 2 0 1 1 2-3 1
Уругвај 2 0 1 1 0-2 1

ОСМИНАФИНАЛЕ
1. Холандија – САД сабота, 16 ч.
2. Ц1 – Д2 сабота, 20 ч.
3. Д1 – Ц2 недела, 16 ч.
4. Англија – Сенегал недела, 20 ч.
5. Е1 – Ф2 понеделник, 16 ч.
6. Г1 – Х2 понеделник, 20 ч.
7. Ф1 – Е2 вторник, 16 ч.
8. Х1 – Г2 вторник, 20 ч.

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
Победник 1 – Победник 2 9.12
Победник 5 – Победник 6 9.12
Победник 3 – Победник 4 10.12
Победник 7 – Победник 8 10.12