Белгија, Бугарија, Финска, Германија, Полска, Словачка и Швајцарија изминатите недели објавија планови за купување нови борбени авиони и друга воена опрема.
Таквата вест со задоволство беше пречекана од најголемите производители на оружје во светот, кои тргнаа во битка за освојување на купопродажните договори вредни најмалку 50 милијарди долари, во обид да ги задоволат апетитите на европските земји што сакаат да ги подноват своите воздухопловни флоти и да се ослободат од некои од застарените ловци.
Важноста на ловците во европското воздухопловство особено се зголеми откако се интензивираа тензиите меѓу Западот и Русија, по избивањето на украинската криза во 2014 година. Безбедносните експерти прогнозираат дека поголем дел воздухопловни европски сили во наредната деценија ќе бидат обновени или ќе почнат со процесот на обнова.