Креативно катче

На штотуку завршената 15-та по ред „Костенијада 2002“, која се одржа во Македонски Брод, посебен интерес кај гостите предизвика манифестацијата „Златен костен“. Учествуваа креации од 300 ученици од основните училишта во општината, како и од деца од градинка, од кои жирито ги прогласи најдобрите.
– Во крајно изедначена конкуренција, изработката на шестгодишната Ева Ставреска беше прогласена за најубава на изложбата „Златен костен – 2022“, која ја организира Домот на културата во рамките на „Костенијадата“. Второто место на оваа изложба му припадна на Бојан Огненоски од 6-2 одделение, додека третото место му припадна на првоодделенецот Сергеј Аврамоски. Самиот наслов зборува дека сите изработки на оваа изложба беа изработени од костен, кои во регионот на Порече се најмногу застапени во земјава – изјави Милена Сточеска, директорка на Домот на културата.
Таа дополни дека на конкурсот учествувале ученици од сите основни училишта и детската градинка во општината Македонски Брод и нагласи дека најдобрите на оваа изложба добија книги како спомен за нивното учество на изложбата „Златен костен 2022“.

З.А.