Изјавата на претседателот на Украина Володимир Зеленски дека нема да има „Минск-3“ ја потврдува позицијата на Киев дека не сака да преговара, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
На новинарско прашање дали овие зборови на Зеленски го потврдуваат ставот дека нема да има преговори со Руската Федерација, Песков кратко одговори: „Апсолутно потврдуваат“.
– Очигледно е дека не може да им се верува на зборовите на Русија и нема да има никаков Минск-3, што Русија ќе го прекрши веднаш по заклучокот – рече Зеленски.