Додека градот Херсон го прославуваше крајот на руската окупација, жестоки борби продолжуваат да се водат во источна Украина. Главниот штаб на украинските вооружени сили извести за продолжување на нападите долж источниот фронт во регионите Донецк и Луганск.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека во последните 24 часа имало ракетни и артилериски напади врз Суми, Харков, Запорожје, Луганск и Донецк.
– Битките во регионот на Донецк се интензивни како и претходните денови. Таму е вистински пекол – таму се водат исклучително жестоки борби секој ден – предупреди тој.
Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, соопшти дека е гаѓана областа Индустријалниј во градот. Според првичните информации погоден е индустриски објект. Засега нема информации за жртви.