Фото: МИА

Јунакот во победата на македонската кошаркарска репрезентација на синоќешниот дуел со Данска, Ти-Џеј Шортс ѝ се заблагодари на публиката во Гевгелија за големата поддршка.

Новиот натурализиран играч на „црвено-жолтите“ натпреварот го заврши со 33 поени, шест асистенции и пет скока.

– Сакам да им честитам на Данците за отпорот кој го пружија. Им благодарам на сите во публиката кои ни дадоа дополнителен ветер, а ние им се оддолживме со играта. Се чувствувам како дома, како Македонец. Благодарен сум што сум тука, и благодарен сум на поддршката од сите – изјави Шортс.

Македонската репрезентација има максимални четири победи на исто толку средби во претквалификациите за Евробаскет 2025.