Фото: Твитер/Официјален профил на ЛШ

Во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во Нион попладнево со ждрепка беа одредени двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со Наполи за противник го доби германски Ајнтрахт Франкфурт.

Во оваа фаза ќе се сретнат и ланските финалисти Реал и Ливерпул.

Двојки за осминафиналето во ЛШ:

Милан – Тотенхем
Борусија Дортмунд – Челси
Клуб Бриж – Бенфика
Ајнтрахт Франкфурт – Наполи
Интер – Порто
Ливерпул – Реал Мадрид
ПСЖ – Баерн Минхен
Лајпциг – Манчестер сити

Првите осминафинални дуели се закажани за 14/15/21/22 февруари, реваншите ќе се играат на 7/8/14/15 март следната година.


Спектакл во Лига Европа

Плејофот во фудбалската Лига Европа ќе донесе дуел на два гиганти кои заедно имаат освоено 97 големи трофеи, откако денешната жрепка во Нион одлучи Барселона да игра против Манчестер јунајтед.

Преостанатите двојки се:

Јувентус – Нант

Спортинг – Митјиланд

Шахтер – Рен

Ајакс – Унион Берлин

Баер – Монако

Севилја – ПСВ

Салцбург – Рома

Натпреварите од плејофот ќе се играат во февруари, а победниците ќе им се приклучат во осминафиналето на победниците во групната фаза во Лига Европа – Арсенал, Бетис, Фенербахче, Ференцварош, Феенорд, Фрајбург, Реал Сосиедад и Унион Сент-Жил.

Финалето е на програмата на 31 мај во Будимпешта.