Македонската претставничка Мија Стерјовска (18) од Скопје ја освои титулата „Кралица на убавината“ (Queen of Beauty), во конкуренција на 30 кандидатки од исто толку држави од Евроазија, на изборот за убавина „Кралица на Евроазија 2022“ одржан изминатиот викенд во Истанбул, Турција.
– Освен Мија, уште една членка на модното студио „Црнокрак“ успеа да освои титула, итоа главната, победничка на изборот. Тоа е нашиот интернационален модел, Доти Полгар од Будимпешта, Унгарија, со која соработуваме речиси 8 години. Со тоа ја продолживме успешната низа на освоени интернационални титули, дури 15 кои само оваа година ги освоивме со девојките и момците од нашето студио. Но не застануваме тука, до крајот на годинава следат уште неколку избори ширум целиот свет – изјави Мики Црнокрак директно од Истанбул веднаш по финалето.
Изборот „Кралица на Евроазија“ се одржа во Маскарада, еден од најдобрите клубови во Истанбул и цела Турција. Стерјовска на финалето се претстави во прекрасните модели од познатиот бренд „ЛАМАС“.