„Нема да биде крај на светот“, копродукциската претстава на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, на 24 октомври со почеток во 19:30 ќе биде дел од Интернационални театарски средби Брчко дистрикт, БиХ, насловени под слоганот „Болест на Општеството“ (Bolest Друштва).
Во официјалната фестивалска програма кој започна на 20, а ќе заврши на 28 октомври, покрај нашата театарска куќа, опфатени се и театри од регионот, меѓу кои: Сатирично казалиште „Керемпух“ и Градско драмско казалиште „Гавела“, Загреб – Р Хрватска, Црногорско народно позориште и Центарот за култура во Тиват – Р.Црна Гора, Босанско народно позориште, Зеница – БиХ, Ателје 212, Белград и Српско народно позориште, Нови Сад – Р. Србија и други.
Театарските средби во Брчко се основани пред 49 години, а во својата речиси половина век долга традиција, средбите ги променија правилата и предлозите за организација, продукција, структурата на оценувањето и наградувањето на претставите и поединците, како и начинот на селекција и избор на изведби.
Според селекторот, проф. Владо Керошевиќ, од оваа година тоа се „Интернационални театарски средби“, на кои можат да учествуваат сите театри од БиХ и од странство, со квалитетни претстави без разлика на јазикот на кој е напишан или изведен драмскиот текст.