Рускиот претседател Владимир Путин денеска соопшти дека потпишал закон за воведување воена состојба во четирите украински региони кои Кремљ се обиде да ги присоедини.
-Тоа е кршење на меѓународното право – објави Си-ен-ен.
Регионите се Херсон, Запорожје, Доњецк и Луганск.
Путин ова го соопшти за време на состанокот на рускиот Совет за безбедност.
Тој додаде дека шефовите на тие области ќе добијат дополнителни овластувања за обезбедување сигурност на граѓаните.