Турција изврши успешно тестирање на домашно развиената ракета со краток дострел „Тајфун“, јави турската телевизија „Си-ен-ен-Турк“.
Пробното лансирање го изврши турската компанија „РОКЕТСАН“ во рамките на проектот за развој на ракетниот систем „Тајфун“ на Управата за одбранбена индустрија.
Ракетата успешно ја погодила целта откако беше лансирана од копно во близина на турската црноморска област Синоп во правец кон морето. Тестирањето е извршено во 6.50 часот утринава од локација на Министерството за национална одбрана на аеродромот Ризе-Артвин.
Ракетата прелетала 561 километар за да ја погоди целта во близина на Синоп, јави ДПА, повикувајќи се на снимка објавена од турската новинска агенција Демирорен. Тоа значи двојно поголем дострел од турската ракета „Бора“.
Турција во последните години ги зголеми напорите да создаде сопствено одбранбено производство и е во процес на реализација на различни проекти – од самооден борбен тенк до беспилотен борбен авион, потсетува ДПА.