Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги изнесе идеите за ублажување на економските последици од кризата
Лидерот на ВМРО-ДПМЕ Христијан Мицкоски денеска предложи пакет мерки за стопанството, компаниите и граѓаните за коишто се надева дека ќе бидат разгледани од Владата и прифатени. Мицкоски ја повика Владата да ги прифати овие мерки, но исто така критикуваше дека вчера предложените владини мерки се задоцнети, недоволни и не се однесуваат на компаниите.
Првиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ е вишоците струја кои ги произведува АД ЕСМ кои се јавуваат во текот на ноќта и викендот да бидат отстапени на стопанството и тоа од 1 ноември до крајот на кризната состојба.
– Според нашите калкулации таа цена нема да надмине вредност од 80 евра за мегават на час. А, периодот на апликација на оваа мерка да биде од први ноември 2022 година и се до крајот на кризната состојба, 30-ти април 2023 година. А, потоа ќе се продолжува во зависност од новата реагулација на состојбата која што се случува и во Македонија, но и во Европа. Значи вишоците произведени од поранешна АД ЕЛЕМ, денешно АД ЕСМ кои што на струја, кои што не би требало да надминуваат цена поголема од 80 евра за мегават на час да бидат ставени на користење на стопанството во следните шест месеци почнувајќи од први ноември 2022 година, според нашите пресметки станува збор за од прилика 200 до 250 илјади мегават часови. Доколку не биде исполнето она најоптимистичкото сценарио на Владата односно само средното сценарио да биде исполнето. Станува збор за 200 до 250 илјади мегават часови – рече Мицкоски.
За да се случи ова, како што посочи Мицкоски, потребно е да се интервенира во Законот за работни односи и Законот за трговија каде што недела е неработен ден.
– Работодавачите да си одберат кој ден во неделата наместо недела ќе го заменат да биде неработен. Затоа што во недела имаме најголеми вишоци на струја и цената на струјата за време на викендот е далеку поевтина од цената на струјата во текот на петте дена од работната недела – рече тој.
Втората мерка е секоја компанија која ќе плати цена на струја која е над цената на регулираниот пазар на електрична енергија, на струја, кој што е пропишан од страна на Регулаторната комисија за енергетика тарифникот и таа изнесува од прилика просечната 200 евра за мегават час, секоја цена над таа која што ќе ја платат компаниите половина од разликата да ја преземе државата.
– Според нашите калкулации и според мерките кои што и според првата мерка која што ја предлагаме станува збор за од прилика 50-тина милиони евра помош за стопанството да ги зачуваме работните места, да продолжиме да произведуваме, да го задржиме извозот за да не ни се случи затворање на компаниите и буквално егзодус на квалификувана работна сила. Секоја цена на мегават час која што компаниите ќе ја платат, а ќе биде повисока од регулираната според тарифникот за мали потрошувачи на РКЕ половина од трошоците да ги плати владата во вид на субвенција. Пример, ако цената е 400 евра на мегават час, а просечната цена која што според тарифникот на РКЕ изнесува 200 евра, половина од таа разлика, тие 200 евра до 400, да ги плати владата, односно 100 евра да ги плати владата од буџетот како помош за стопанството. И тоа е во вредност од отприлика околу 50 милиони евра, рече Мицкоски.
Мицкоски предложи како мерка викенд без ДДВ за основните прехрабени производи, интервенција во Законот за личен доход за што ќе поднесат измени во Собранието, да се одложи скалестото оданочување од 1 јануари 2023.
– Понатаму, предлагаме интервенција во Законот за личен доход и таа иницијатива ќе ја поднесеме во Собранието, во текот на оваа или следната недела, со кој што ќе се одложи скалестото оданочување. Тоа ќе почне да важи од 01.01.2023 година, и директно ќе удри на стандардот на граѓаните, а ќе влијае и врз финансиската ликвидност на компаниите. Затоа ние во рамките на Парламентот ќе поднесеме инцијатива за повторно одложување на примената на овој закон, а тоа е Законот за личен доход, односно да бидам попрецизен, скалестото оданочување да се одложи за уште една година, односно до 31.12.2023 година, потенцира тој.
Последната, петта мерка се однесува на „дестерелизирање на благајничките записи во Народната банка“.
– Таму цениме дека има помеѓу 150 и 160 милиони денари пари од банките од фондовите кои што се наоѓаат запишани во благајничките записи. Да се дестерилизираат со намалена емисија на благајнички записи и тие пари да се вратат назад кај банките, а потоа банките тие пари да ги пласираат до стопанството, односно да ги стават на располагање на стопанството со што ќе ја помогнат ликвидноста на компаниите, а работните места ќе бидат сочувани, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Северна Македонија не е само во енергетска, туку и во економска криза. Тој посочи дека овие се пет мерки кои што, како што рече, значат директно ублажување на последиците врз стандардот на граѓаните, спас на работни места и поддршка на компаниите да продолжат нормално да работат за да можат да вработуваат наши граѓани, луѓе кои преку работата во тие компании ќе ги прехрануваат своите семејства.
– Пакетот мерки нема ништо со што ќе се заузда растот на цените на храната, плаќаме најскапа струја во регионот, рече Мицкоски, оценувајќи дека вчлерашниот пакет мерки промовиран од Владата е симболичен и недоволен и „гол маркетиншки трик“.