Актерите од Драмскиот театар од Пловдив синоќа во велешкиот театар Јордан Хаџи Kонстантинов- Џинот ја претставија театарската претстава „Одисеј” по Хомер.
Полната сала ги испрати на нозе и со десетминутни бурни овации актерите по нивната прекрасна изведба.
Велешани и гостите на градот долго време ќе ја паметат претставата „Одисеј“ не само поради маестралната глума на актерите и актерките, туку и по фантастичните визуелни ефекти, музика и кореографија.
Гостувањето на Драмскиот театар од Пловдив во Велес е дел од програмата на XIX меѓународен фестивал на античка драма „Стоби“.
Театарската претстава „Одисеј” е расказ за патот на човекот кон самиот себе, против самитот себе и надвор од неговата суштина.
Режијата е на Дијана Добрева, автор на драмскиот текст е Александар Секулов, сценографијата и костумите се на Мира Каланова, кореографијата е на Дејан Георгиев, автор на визуелните ефекти е Петко Танчев, а музиката е креирана од Петја Диманова.
Во претставата играат 35 актери.