Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ги повика премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски да го поддржат процесот на организирање на референдумот инициран од оваа партија и да не го опструираат во Парламентот преку спикерот Талат Џафери, туку да дозволат најпрвин да се соберат 150.000 потписи, а потоа и да се оди на референдум на кој граѓаните ќе можат да ја кажат својата волја.

Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Општина Сопиште, посочи дека реалноста која што ќе ја изберат граѓаните ќе треба да се прифати, затоа е потребно да се има референдум и избори.

– Затоа еве ги повикувам да се охрабрат и да излезат и да поддржат едно вакво референдумско изјаснување – рече Мицкоски.

Според него, добрососедските односи се прв приоритет на ВМРО-ДПМНЕ и на земјава, но, во самиот Договор за добрососедство и пријателство немало ништо добрососедски, ниту пријателски односи во изминатите две ипол – три години од страна на источниот сосед.

– И затоа да бидеме на сигурната страна, да бидеме овој пат самите тие кои што ќе одлучуваме, а не да веруваме на зборови, самите тие кои што ќе одлучуваат за својата иднина, повикувам на референдум – појасни Мицкоски.

Тој наведе дека пред да дојдат на позицијата за референдум ги разгледале сите можности за напуштање, како што вели, на овој хегемониски и асимилаторски договор, и од можни две опции – Владата без референдум да го напушти Договорот преку министерот за надворешни работи, за што сметаат дека оваа Влада тоа не може да го направи и втората опција со граѓаните на референдум, се одлучиле за постапка на референдум.

– Претходно правевме многу анкети, многу мерења на јавното мислење и од тие анкети можеме да заклучиме дека огромен процент на граѓаните и тоа повеќе од 60 проценти од Македонците и повеќе од 50 отсто од граѓаните се изјаснија дека поддржуваат Референдум и дека би излегле на таков Референдум да гласаат – посочи Мицкоски.

Тој додаде дека анкетите и јавното мислење на граѓаните е доволна навигација за ВМРО-ДПМНЕ и затоа се одлучиле да се оди чекор понатаму, а тоа е осмислување на прашање каде што не ќе може ако ги следи законите и собраниските процедури Џафери да го избегне со образложение дека Собранието не е надлежно итн.

– И денеска колку што сум информиран иницијативата, граѓанската иницијатива која што ја предлагам, јас го ополномоштив претходно координаторот на пратеничката група да ја достави до спикерот. Следен чекор е тој да ги информира двете собраниски комисии, комисијата за политички систем и Законодавно – правната комисија, очекувам во рокот од два дена и тие да се произнесат дека иницијативата е уредна, да се гласа и да почнеме да ги собираме тие 150.000 граѓански потписи. Потоа во рок од 60 до 90 дена да се случи и тој референдум на кој граѓаните ќе можат да се изјаснат. Тоа е врв на демократското право и врв на демократијата. Не би гледал зошто би бил некој од меѓународната заедница против едно такво изјаснување – нагласи Мицкоски.

Запрашан од новинарите како ја оценува работата на историската комисија, Мицкоски посочи дека евидентно е дека Комисијата носи одлуки и потпишува документи под политички притисок.

– И тука немаме никаква дилема и мислам дека колку побргу се распушти, толку подобро ќе биде за нив за да зачуваат, барем малку, стручно и професионално достоинство кое што го имаат. Во спротивно, навистина, и тоа малку што го имаат ќе го загубат – рече Мицкоски.

Во однос на брифингот кој што членовите на Комисијата го имаа со новинарите и општествено активни членови, вели, бил информиран за содржината на кажаното на брифингот, и дека фактот дека брифингот бил од затворен тип, всушност се работело за лицемерно правдање пред луѓето зошто морале тоа да го направат.Мицкоски: Ковачевски и Пендаровски да не опструираат преку Џафери, референдум мора да има

Скопје, 9 септември 2022 (МИА) – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ги повика премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски да го поддржат процесот на организирање на референдумот инициран од оваа партија и да не го опструираат во Парламентот преку спикерот Талат Џафери, туку да дозволат најпрвин да се соберат 150.000 потписи, а потоа и да се оди на Референдум на кој граѓаните ќе можат да ја кажат својата волја.

Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Општина Сопиште, посочи дека реалноста која што ќе ја изберат граѓаните ќе треба да се прифати, затоа е потребно да се има референдум и избори.

– Затоа еве ги повикувам да се охрабрат и да излезат и да поддржат едно вакво референдумско изјаснување – рече Мицкоски.

Според него, добрососедските односи се прв приоритет на ВМРО-ДПМНЕ и на земјава, но, во самиот Договор за добрососедство и пријателство немало ништо добрососедски, ниту пријателски односи во изминатите две ипол – три години од страна на источниот сосед.

– И затоа да бидеме на сигурната страна, да бидеме овој пат самите тие кои што ќе одлучуваме, а не да веруваме на зборови, самите тие кои што ќе одлучуваат за својата иднина, повикувам на референдум – појасни Мицкоски.

Тој наведе дека пред да дојдат на позицијата за референдум ги разгледале сите можности за напуштање, како што вели, на овој хегемониски и асимилаторски договор, и од можни две опции – Владата без референдум да го напушти Договорот преку министерот за надворешни работи, за што сметаат дека оваа Влада тоа не може да го направи и втората опција со граѓаните на референдум, се одлучиле за постапка на референдум.

– Претходно правевме многу анкети, многу мерења на јавното мислење и од тие анкети можеме да заклучиме дека огромен процент на граѓаните и тоа повеќе од 60 проценти од Македонците и повеќе од 50 отсто од граѓаните се изјаснија дека поддржуваат Референдум и дека би излегле на таков Референдум да гласаат – посочи Мицкоски.

Тој додаде дека анкетите и јавното мислење на граѓаните е доволна навигација за ВМРО-ДПМНЕ и затоа се одлучиле да се оди чекор понатаму, а тоа е осмислување на прашање каде што не ќе може ако ги следи законите и собраниските процедури Џафери да го избегне со образложение дека Собранието не е надлежно итн.

– И денеска колку што сум информиран иницијативата, граѓанската иницијатива која што ја предлагам, јас го ополномоштив претходно координаторот на пратеничката група да ја достави до спикерот. Следен чекор е тој да ги информира двете собраниски комисии, комисијата за политички систем и Законодавно – правната комисија, очекувам во рокот од два дена и тие да се произнесат дека иницијативата е уредна, да се гласа и да почнеме да ги собираме тие 150.000 граѓански потписи. Потоа во рок од 60 до 90 дена да се случи и тој референдум на кој граѓаните ќе можат да се изјаснат. Тоа е врв на демократското право и врв на демократијата. Не би гледал зошто би бил некој од меѓународната заедница против едно такво изјаснување – нагласи Мицкоски.

Запрашан од новинарите како ја оценува работата на Мешовитата историска комисија, Мицкоски посочи дека евидентно е дека Комисијата носи одлуки и потпишува документи под политички притисок.

– И тука немаме никаква дилема и мислам дека колку побргу се распушти, толку подобро ќе биде за нив за да зачуваат, барем малку, стручно и професионално достоинство кое што го имаат. Во спротивно, навистина, и тоа малку што го имаат ќе го загубат – рече Мицкоски.

Во однос на брифингот кој што членовите на Комисијата го имаа со новинарите и општествено активни членови, вели, бил информиран за содржината на кажаното на брифингот, и дека фактот дека брифингот бил од затворен тип, всушност се работело за лицемерно правдање пред луѓето зошто морале тоа да го направат.