Друштвото на ликовните уметници на Кавадарци заедно со Винскиот музеј по повод денот на ослободувањето на градот 7-ми Септември како вовед во сите културни случувања во рамките на богатата програма за Тиквешкиот гроздобер вчера организира целодневен ликовен перформанс насловен како „Тиквешко сонце“.
Десет ликовни уметници сите од Кавадарци : Соња Самарџиева Поп Ицов, Ќире Јосифов, Горан Боев, Лазар Дојчинов, Ванчо Кеков, Владимир Темков , Ива Јосифова Даневски, Димитар Самарџиев, Симона Манчева, Трајче Јованов и Новица Трајковски како гостин од Скопје вчера сликаа на тема гроздобер.
Во прекрасниот амбиент на Винскиот музеј вчера беа создадени прекрасни дела кои синоќа беа изложена како тематска изложба во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“.
-Тиквешкиот гроздобер претставува продолжување на една долга и богата традиција на овие простори која се одржувала уште во времето на античка Македонија, кога во чест на богот на виното Дионис и виновата лоза, биле одржувани„Дионисови денови“. Овие свечености траеле неколку денови во кои можеле да се слават плодовите од големата умешност и љубов кои античките македонци ги вградувале во одгледувањето и негувањето на виновата лоза за што сведочат многубројните надгробни стели, мозаици и релјефи на бројните археолошки наоѓалита во Тиквешијата. Тиквешкиот гроздобер е дел од традицијата на градот Кавадарци која се негува од 1964 година и има голема важност за сите нас. Виното претставува нераскинлив сегмент од животот на Македонците кои ја одгледуваат оваа култура, а богот Динис бил еден од најславените божества. Горди сме на спознанието дека тиквешкиот регион е лозарски регион а уметниците еден значаен фактор во негувањето на традицијата па затоа одлучивме Друштвото на ликовните уметници на Кавадарци кое постое ивеќе 40 години со овој проект „Тиквешко сонце“ да придонесеме во промовирањето на културното богатство на нашата заедница . Винскиот музеј беше вистинското место за реализирање на проектот. Што се однесува до сликата со Дионис од Караваџо која јас ја насликав претходно ќе биде подарена на Општина Кавадарци како покровител на настанот да биде дел од колекцијата на уметнички дела на локалната самоуправа – изјави Соња Самарџиева Поп Ицов, претседателка на Друштвото на ликовните уметници на Кавадарци.
Делата од проектот „Тиквешко сонце“ ќе бидат изложени во деновите додека трае манифестацијата „Тиквешки гроздобер.
М. Мукаетова