Новаци наскоро ќе добие спортска теретана на отворено, која содржи четири справи за вежбање и тоа: кондиционен статичен велосипед, справа за склекови и стомачни, справа за хоринзонтално вежбање и влечење, и справа за кардио која се гради во склоп на дворот на спортската сала во Новаци.
Проектот го реализира општина Новаци во соработка со Здружението за унапредување на демократските процеси „Про локал“ од Битрола. Финансиски е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија преку програмата МАТРА.
– Поставуваме четири справи во склоп на дворот на спортската сала во Новаци каде младите, па и повозрасните, жители на општината ќе можат да рекреираат и вежбаат на најсовремени фитнес апарати и најсовремена фитнес опрема. Вкупниот износ на спортската теретана на отворено 268.386,00 денари од кои 2000 евра од здружението „Пролокал“ и донаторот Холандска амбасада, а остатокот во висина од 148.386,00 денари се обезбедени од општина Новаци со одлука од совет – рече градоначалникот Стевановски.
М.М.