Околу 70.000 луѓе денеска протестираа на плоштадот, во Прага против чешката Влада, Европска Унија и НАТО.
Протестите се во организација на чешките радикални националисти и други вонпарламентарни партии. Главно барање на организаторот на протестот насловен „Чешка на прво место“ е оставка од коалициската Влада на премиерот Петр Фијала, како и смена надворешната политика кон Русија. Исто така се бара и Чешка да прогласи воена неутралност, како и да се носат одлуки независно од Светската трговска организација и од Обединети нации.
Чешка мора да се ослободи и да не биде директен политички поданик на ЕУ, СТО и ОН, беше наведено во поканата за протестот.
Демонстрантите исто така побараа по оставката на Владата да се овластат експерти од радикалните националисти, комунистите и други антисистемски движења и иницијативи да склучат договор со Русија во име на Чешка за итна испорака на евтин гас.
Тие исто така бараат чешките производители да ги напуштат европските берзи за електрична енергија и да се ослободи целата чешка економија од странски капитал и компании.