Екипите на ЈП „Нискоградба“ денеска ги остранија сите монтажни гаражи
зад ЈАТ во Битола и покрај противењето на станарите. Со отстранувањето на гаражите се ослободи место за паркинг од најмалку 1.500 метри квадратни.
Отстранувањето на гаражите почна по донесувањето на одлуката од страна на Советот, на седницата одржана во мај, на која локалната самоуправа одлучи да ги острани гаражите зад ЈАТ. Според замислата на локалната власт, на тој простор од
1.500 метри квадратни кој ги опфаќа и поранешните бараки на судот за
прекршоци, ќе се гради паркинг простор.
И покрај тоа што на овој простор според ДУП требаше да се гради катна гаража, сепак локалната самоуправа се откажа од таквата идеја и одлучи да гради само паркинг
простор, кој ќе биде партерно уреден.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски им даде цврсто ветување на станароте дека зад ЈАТ нема да се гради катна гаража.
Општина Битола, заедно со јавното претпријатие за паркирање, на оваа локација ќе понудат соодветно прифатливо решение за станарите, кои ќе можат да ги паркираат своите возила, но на уреден урбан простор, каков што доликува на централното градско подрачје, велат од локалната самоуправа. М.М.