До 20 часот најмногу дожд наврна во Виница 55 л/м2, во Тополчани и Битола 18, во Крушево 16, Берово 13, Крива Паланка 11, Ѓуриште 10, Струмица осум, Прилеп и Попова Шапка седум, Гевгелија шест, Маврово четири, Пожаране три, Штип и Охрид два и во Скопје-Зајчев Рид еден л/м2.

Според информациите од УХМР, вечерва поизразена нестабилност има во северозападните делови од земјава со поинтензивен пороен дожд, чести електрични празнења и засилен ветер.

Локална нестабилност се најавува и за ноќните часови.