Откажана посетата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на општина Маврово-Ростуше
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја откажа посретата на општина Маврово-Ростише, поради појава на симптоми на КОВИД-19 и добиен позитивен резултат на брз антигенски тест.
– Ве известуваме дека посетата и настанот на претседателот Христијан Мицкоски во општина Маврово- Ростуше закажани за денеска во 17.45 се откажани. Причина за откажување е развивањето на симптоми од ковид 19 на претседателот на партијата Мицкоски, при што беше направен брз антигенски тест, каде што истиот беше позитивен – информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека во текот на денот Мицкоски ќе биде тестиран со ПЦР-тест за ковид-19.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ претходно годинава беше позитивен на ковид-19, како што соопшти на 27 февруари. Тој потоа 23 дена закрепнуваше од заразата, при што помина 12 дена на Инфективната клиника.