Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.317 тестови, а регистрирани се нови 600 случаи на ковид-19: Скопје – 229, Охрид – 46, Битола – 38, Куманово – 35, Прилеп – 30, Тетово – 26, Велес – 25, Кавадарци – 24, Струмица – 23, Гостивар – 19, Штип – 17, Радовиш – 11, Кочани – 10, Гевгелија – 9, Неготино – 8, Струга, Крива Паланка, Делчево, Берово и Дебар – по 5, Богданци и Кратово – по 4, Ресен, Крушево и Пехчево – по 3, Кичево, Виница и Пробиштип – по 2, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (600), регистрирани се 134 реинфекции.
Регистрирани сe 743 оздравени пациенти од: Скопје – 284, Битола – 56, Кавадарци – 36, Охрид – 33, Куманово – 32, Прилеп – 30, Гостивар – 29, Тетово – 26, Велес и Струга – по 23, Штип – 22, Струмица – 20, Радовиш – 16, Неготино – 15, Свети Николе – 14, Кочани и Кичево – по 12, Крива Паланка – 9, Берово – 8, Делчево – 7, Ресен – 6, Гевгелија, Богданци и Кратово – по 5, Виница и Демир Хисар – по 3, Дебар, Крушево и Демир Капија – по 2, Пехчево, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се шест починати лица. По две од Скопје (66г и 75г) и од Охрид (83г и 83г) и по едно починато лице од Ресен (72г) и од Радовиш (72г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ регистрирани се четири починати лица од: Кочани (85г), Струга (69г), Куманово (72г) и Кичево (62г). Две лица се починати во болнички услови и две во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 16 јули до 8 август.
Досега во земјата се направени вкупно 2.133.045 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 333.948, бројот на оздравени пациенти е 320.449, на починати е 9.410, а бројот на активни случаи изнесува 4.089.