Со положување на свежо цвеќе пред споменикот на Јордан Пиперката во село Велмевци од страна на градоначалникот и претставници на општина Демир Хисар, беше одбележана 119 годишнината од смртта на величајниот војвода.
Општинската делегација покрај во село Велмевци положи и свежо цвеќе во дворот на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во село Жван,каде се наоѓа спомен обележје на Пиперката.
Откако делегацијата положи свежо цвеќе пред споменикот на Церешна, пред присутните се обрати градоначалникот на општина Демир Хисар, Никола Најдоски.
-Со должна почит и длабок пиетет ја одбележуваме годишнината од смртта на Јордан Пиперката учесник на македонското револуционерно движење, член и војвода на македонската револуционерна организација, кој бил запаметен од народот за кој се борел и го жртвувал својот живот. Му оддаваме почит на славниот војвода за неговиот херојски подвиг и се поклонуваме на неговата голема жртва за национална кауза. Вечна му слава – истакна градоначалникот Најдоски, на денешното чевствување пред споменикот во Велмевци.
Поради проблеми со патот делегацијата од општина Демир Хисар не успеа да положи свежо цвеќе и пред спомен плочата поставена на куќата Кула во село Брезово.
З.А.