ТЕНИС

Македонскиот тенисер, 18-годишниот Калин Ивановски оствари голем напредок на ранг-листата на Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП), откако од вчера е на 1.070-то место, што е за 334 места подобро отколку на ранг-листата една недела претходно. Според податоците на интернет-страницата на АТП, Ивановски за нецел месец, од листата објавена на 11 јули досега скокна 595 места, а за два месеца, од 6 јуни, 639 места. По настапот на јуниорскиот гранслем-турнир Вимблдон, каде што играше во четврт-финалето, Ивановски, меѓу другото, на турнирот во Инсбрук (Австрија) беше осминафиналист, а потоа во Котингбрум (Австрија) полуфиналист.