Во Центарот за култура во Кичево со пригодна свеченост утре ќе биде одбележана 20-годишнина од формирањето на Здружението на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“ од Кичево.
– Утрешното одбележување на 20 годишнината на Здружението „Надеж“ ќе биде збогатено со повеќе содржини. Во уметничкиот салон ќе биде отворена ликовна изложба на дела создадени од страна на родители на децата со пречки во развојот. Потоа, благодарници и пофалници ќе им бидат доделени на сите оние кои со свои средства или друг начин го помогнале нашето здружение. За сите присутни во салата ќе биде организирана и мала закуска – истакна Горан Нестороски, волонтер во ова здружение.
З.А.