Полицијата во Прилеп доцна синоќа помеѓу 23 и три часот по полноќ спровела акциска контрола во рамките на „Безбедно лето 2022“ низ градските паркови и места каде има зачестено присуство на граѓани, При тоа легитимирани биле 17 лица, претрес бил извршен над 16 лица, а кај двајца прилепчани А.Ч. (26) и И.Д.(29) била пронајдена марихуана, при што биле приведени, велат ид СВР Битола.
Исто така, вчера по планот за „Безбедно лето 2022“ од страна на полициски службеници од СВР Битола во содејство со прилепската полиција била извршена контрола во угостителски објекти во Прилеп, при што легитимирани биле 57 лица. Претрес бил извршен над 25 лица, а приведени биле 19 малолетници затекнати во угостителски објект после полноќ, од кои кај петмина било констатирано присуство на алкохол. Исто така, приведено бико и едно лице поради точење алкохол на малолетници, согласно член 204 од Кривичниот законик. При контролата констатиран бил прекршок по Законот за лична карта, односно неносење на документ за идентификација.
Овие контроли, вела од СВР Битола, ќе продолжат и во наредниот период со цел да се превенираат ризиците од девијантни појави посебно кај младата популација. Ка.М.