Македонскиот тенисер Калин Ивановски се пласира помеѓу осумте најдобри тенисери во јуниорска конкуренција на гранслем-турнирот Вимблдон.
Ивановски попладнево го победи осмиот носител Едас Бутвилас од Литванија со 2-1 во сетови.
Во меч што траеше два часа и три минути, Ивановски го доби првиот сет со 6-4, противникот во вториот возврати со 7-5, а Ивановски доминираше во третиот сет, освојувајќи го со убедливи 6-0.
Противник на Ивановски во четвртфиналето ќе биде поуспешниот од дуелот Бор Артнак (Словенија) – Педро Роденас (Шпанија).