Скопската Зоолошка градина изминативе денови добила над 3.000 предлози за имиња на трите женски лавчиња во кутиите оставени пред влезот на зоолошката градина, но и на Фејсбук.
-Ви благодариме што бевте креативни и што придонесовте заеднички да ги одбереме имињата за овие три мали убавици. Внимателно ги прочитавме сите предлози и најголем број од нив беа за Луна, Ана и Хана – информираат од Зоолошка.
По три месеци лавчињата-бебиња излегоа во надворешното живеалиште