На клиничката болница во Битола денеска почина малолетното девојче повредено во сообраќајка која се случи вечерта на 14 јуни, на улица Ружа Делчева во Битола.
По дваесетина дена борба на лекарите во Клиничката болница во Битола, за спас на девојчето, кое имаше само 15 години, тоа денеска им подлегна на повредите.
До сообраќајната несреќа дојде на 14 јуни, околу 22 часот, на мошне прометната улица
„Ружа Делчева “, кога малолетен моторциклист со мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот Б.В.(70) од Битола и во паркирано возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и малолетната сопатничка на мопедот, која не носела кацига, додека пешакот поминал со полесни
телесни повреди.
Веста за смртта на девојчето ја потресе Битола која 20 дена очекуваше малолетното девојче да се опорави. Но се покажа дека падот од мопедот бил смртоносен, во најголема мера поради тоа што девојчето не носела заштитна кацига М.М.