Уште двајца британски доброволци во украинската армија, кои биле заробени од руските сили во април, прорускиот суд во Доњецк ги обвини за „платенички активности“, јави британската телевизиска мрежа Би-Би-Си.
Станува збор за Дилан Хили и Ендрју Хил, кои во април биле заробени на контролен пункт во Украина.
Неименуван функционер на самопрогласената „Народна Република Доњецк“ изјави дека на двајцата Британци ќе им се суди за „платенички активности“, пренесе Тасс.
Оттаму се дознава дека и двајцата одбивале да соработуваат со истражителите од Доњецк.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека е во контакт со украинските власти во врска со нивниот случај.
-Ние сме во постојан контакт со украинските власти во врска со нивниот случај и целосно ги поддржуваме напорите на Украина да ги ослободи, соопшти британското МНР.
Други двајца британски доброволци, Шон Пинер и Ејден Аслин, исто така, заробени од руските војници, минатиот месец беа осудени на смрт од меѓународно непризнатиот руски суд во Украина. Тие беа обвинети за истото дело за кое сега се обвинети Хели и Хил.
Европскиот суд за човекови права завчера побара од Русија да влијае, да не дојде до извршување на казната, што официјална Москва го одби.