Билјана Стефановска-Сековска денеска ги предаде акрeдитивните писма на генералната Гувернерка Синди Киро на Нов Зеланд, и со тоа ја презеде должноста на македонска амбасадорка во Нов Зеланд.
Амбасадоркатата беше пречекана во Велингтон со традиционална маори церемонија за добредојде и со официјална церемонија со највисоки државни и воени почести, информира македонската амбасада во Австралија.